Бојчевски: Заборавете на партии, здравствени работници не можат да издржат со овие плати

Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници за Радио Слободна Европа тврди дека нема партиски влијанија во најавата за протести. Бараат и итно да се реши случајот на Клиниката за онкологија кој беше откриен откако проговори медицинска сестра.

„Првото барање е платата да се покачи 30 отсто за сите здравствени работници, од административен персонал па се до доктор. Второто е за колективниот договор бидејќи овој договор што е моментално е најлошиот во историјата што постои во здравствениот систем на Република Северна Македонија, бенефициран стаж за луѓето кои работат на рендген институти и психијатриските болници. Четвртото барање е да се зголеми коефициентот и петтото барање е за големиот број млади луѓе кои работат под некаков договор на дело. На пример има лаборанти, млади деца кои осум часа работно време професионално си ја извршува работата и зема само 20 илјади денари. Не е пријавен ни пензиско ни здравствено и има само седум дневен работен одмор. Очекуваме да се реши и нивниот статус’, вели Бојчевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.