Бојко Борисов ќе плати казна од 150 евра за неносење маска

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со парична казна од 300 лева (150 евра) за влез во затворен простор без маска, објави БТВ, повикувајќи се на Министерството за здравство.
Премиерот го посети манастирот Рила и влезе во црквата без маска.
Премиерот, членовите на неговиот тим, новинарите, снимателите, фотографи и сите други што беа во црквата ќе бидат казнети според актот за административно кршење за непочитување на анти-епидемиските мерки и особено за кршење на наредбата на министерот за здравство.
Во Бугарија, по порастот на болни од ковид, од денеска маските се повторно задолжителни на сите затворени јавни места. Санкцијата е од 300 лева до 1.000 лева.