Бојко Борисов позитивен на коронавирус

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, има коронавирус. Ова самиот го објави со статус  на Фејсбук.

„Имам општа слабост, во моментот, по укажување на лекарите, останувам на домашно лекување“, напиша премиерот, додавајќи дека ќе се справи со заболувањето, следејќи ги мерките.

„Иако официјално е укинат мојот карантин, во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два PCR-теста од денес сум позитивен на COVID-19“

Борисов додаде дека листата на сите контакти со него ги доставил до Центарот за јавно здравје.

„Сигурен сум дека следејќи ги мерките, ќе се справиме заедно!“, додаде Борисов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.