Бобан Илиоски освои златен медал на Европското првенство во кик бокс

Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс.

Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Ова е втор медал за Македонија на ЕП, откако Викторија Варадинова се закити зо бронзен медал.

– Боби се бореше промислено и поразлично од секогаш. Одеше на сигурни поени и се пазеше од непотребен ризик да не дојде до повреди и не одеше на нокаут, како што знае секогаш. Сите негови противници, познавајќи го дека е офанзивец и плашејѓи се од нокаут со своите тренери имаа изградено тактика за борба против Боби. Но, ги збунивме, бидејќи ја сменивме целосно тактиката и начинот на борба, односно со поени да стигнеме до победа и до злато. Дадените инструкции се покажаа продуктивни. Добро е што Боби нема никаква повреда, бидејки за краток период имаме профи борба на Сенши, престижниот турнир против Едуард Алексијан од Бугарија, изјави слекеторот Дејан Митровски-Урко за Ипон.мк.