Бочварски: Граѓаните ако не сакаат да плаќаат патарина на новиот автопат, нека патуваат преку Велес

172

По мноштвото реакции во јавноста за високата цена на патарините кои веќе од идниот месец ќе почнат да се градат на автопатот Скопје-Штип, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска посочи дека граѓаните секогаш имаат и друга можност да ги избегнат патарините – да патуваат преку Велес или по останатите регионални патишта.

– Се работи за регулатива донесена со одлука на Влада и таа има свој правилник за како и колку се наплаќаат патарините. Можам да информирам дека тоа изнесува 2,57 денари по километар. Дали се работи за еден или друг автопат, цените се исти.
Можете сите едноставно да пресметате, а секако автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните. За да траат подолго потребно е да се плаќаат патарини и да се одржуваат. Граѓаните од источниот регион секако имааат можност да патуваат преку Велес, по друг тарифник јас би рекол, или пак преку постоечките
регионални патишта каде што воопшто нема патарини, рече Бочварски.

Според него патарините во земјава се со релативно ниски цени во споредба со оние од регионот, а за да имаме квалитетна инфраструктура патиштата мора да се одржуваат. Цените вели тој, значат и поквалитетни патишта.

Двете нови поставени патарини, едната кај Преод, а другата кај Кадрифаково, ќе ги чинат граѓаните 120 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.