Бочварски: Изворот на загадување во Брегалница е превозник во ТИРЗ зоната

Би сакал да ги информирам граѓаните дека заедно со претставници на риболовното друштво и неколку загрижени граѓани лично бев на терен и го пронајдовме изворот на загадувањето во реката Брегалница во еден од превозниците во ТИРЗ зоната, информираше штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

„Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои веќе се на лице место. Калкулации не смее да има! Секој мора да ја сноси одговорност за своите постапки!“, напиша Бочварски на фејсбук.

Претходно, екипата на крим техника од Полициската станица-Штип и членовите на Здружението на спортски риболвци „Брегалница“- Штип земаа мостри од водата на реката Брегалница, откако неколку часови беше обоена во бела боја.