Boeing нуди 100 милиони долари на семејствата на настраданите во двете несреќи на ‘737 MAX’

Американскиот гигант во воздухопловната индустрија „Boeing“ најави 100 милиони долари помош за семејставата на повеќе од 300 жртви несреќи со авионите од неговиот модел „ 737 Max“ во Индонезија и во Етиопија.

Парите би требало да бидат исплатени во периодот од неколку години, независно од тужбите поднЕсени по несреќите во кои вкупно загинаа 346 луѓе, пренесува во четвртокот BBC.

Во соопштението објавено во средата „Boeing“ појаснуваат дека со овие пари сакаат да им помогнат на семејствата да ги поднесат трошоците за образование и живот. Дел се наменети и за финасирање на прорамата во заедницата и економскиот развој, се додава.

„Boeing ќе ги здружи силите со локалните влассти и непрофитните организации за да придоенсе во решавањето на ови потреби. Почетното вложување ќе биде реализирано во текот на повеќе години“, се наведува во сооппштението.

„Ние во Boeing жалиме поради трагичните губења на животите во двете несреќи. Тие изгубени животи и во годините што следат ќе бидат тежок товар за нашите срца и мисли. Семејствата и саканите на оние кои се наоѓале во авионите го имаат нашето најдлабоко сочуваство и се надеваме дека почетниот потег ќе помогне да им пружиме утеха“, рече претседателот и извршен директор на компанијата, Денис Меленберг.

Адвокатите на семејствата на жртвите ја отфрлија најавената помош. Сумата ниту оддалеку не може на семејствата да им го надомести она што им е одземено, порача адвокатот Номки Хусаин, кој застапува некои од семејствата на жртвите. Некои од нивните клиенти во овој момент не се заинтересирани за финансиски надоместој, истакнал Хусаин.

Според него, во „Boeing“ ја претпосавиле заработката на сметка на безбедноста за да го продаваат својот авион. Во американската компанија одлучно го отфрлаат ова тврдење. Хусаин досега поднел седум тужби во име на повеќе семејства. Во некои од нив се бара отштета од 276 милиони долари. Според неговите процени, семејствата на настраданите досега подигнале околу 50 тужби. додал Некои од семејствата на жртвите пред одлуките за правните чекори сакаат да добија повеќе информации за техничките причини за несреќите и за регулаторните дозволи за моделот „Boeing 737 MAX“, додава Хусаин.

Адвокатот на 23 семејство, Роберт Клифорд, пак, предупредува на тајмингот на најавената помош. „Таквата понуда во почетната фаза од судскиот процес е без преседан. Се чини, исто така, дека е пресметана, имајќи предвид дека допрва треба да дознаеме многу поединости за тоа што се случило“, појаснува Клифорд.

Авионите од моделот „Boeing 737 MAX“ во моментов се приземјени и сѐ уште не е познато кога ќе бидат вратени во воздухопловниот сообраќај. Американскиот регулатор неодамна идентификуваше нов ризик, покрај софтверскиот проблем кој се обидуваат да го надминат во компанијата. Засега не е назначен датумот за почетокот на безбедносните тестирања на авионите „Boeing 737 MAX“.

Во последната седмица од јуни, повеќе од 400 пилоти поднеспа тужба против „Boeing“ поради „невидено прикривање“ на дефектите при констукцијата на моделите „737MAX“, пренесува австралиската телевизија ABC News, повикувајќи се на судски документи. Според податоците, пилотите кои ги минале подготовките за летање со моделите воздухоплови „Boeing 737MAX“, поднеле тужба против компанијата поради одлуката што ги довела во ситуација да се соочат со лични загуби и психолошки проблеми, откако многу воздухопловни компании во светот престанаа да летаат со овој модел.

Летовите на авионите од моделите „737MAX“ беа суспендирани во САД и во многу други земји во светот, откако се урнаа два патнички авиона од овој тип. Во март годинава „ Boeing 737 МАХ“ на водухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ се урна во близина на етиопскиот град Дебре-Зијт, кога загинаа 157 патници и членови на екипажот. Претходно во ноември 2018 година, авион од истиот модел на индонезиската компанија „Lion Air“ се урна во Индонезија кога загинаа вкупно 189 луѓе.

По втората трагедија, околу дваесет земји во светот го затворија својот воздушен простор за прелет на овој модел авиони, а многи воздухопловни компании ги суспендираа летовите со „Boeing 737 МАХ 8“. Американската Федерална агенција за цивилно воздухопловство, исто така, привремено ја забрани експлоатиацијата на овие модели авиони. Во текот на истрагата за причините за двете несреќи, индетификувани беа можни грешки на системот за корекција на маневрирањата (MCAS). Компанијата „Boeing“ потоа објави дека ги решава овие недостатоци со ажирурање на софтверот и дополнување на програмата за обука на пилотите.