
Светската побарувачка за воздушен карго транспорт ќе расте силно до 2043 година, во просек за четири отсто годишно, проценува американскиот авијациски гигант „Boeing“.
Глобалната воздушна карго-флота ќе вклучува 3.900 авиони во 2041 година, во споредба со минатогодишните 2.340, пресметале во „Boeing“.
Големата флота товарни широкотрупни авиони е подготвена да се зголеми речиси двојно благодарение на побарувачката на брзорастечките азиски пазари, се додава во проценката.
Производителите ќе испорачаат приближно 1.000 нови и нешто повеќе од 1.800 прилагодени авиони на клиентите до 2043 година, со фокус на подобри перформанси и помала потрошувачка на гориво, проценуваат тие, додавајќи дека многу компании чуваат постари авиони во својата флота поради наглото зголемување на побарувачката за транспорт.
Најголем годишен раст на сообраќајот ќе биде забележан на пазарите во Источна и Јужна Азија благодарение на порастот на економската активност и личната потрошувачка. Во такви услови, азиско-пацифичката флота ќе се зголеми речиси тројно, а регионалните превозници ќе купат најмногу авиони, околу 980, според пресметките на „Boeing“.
На второ место е северноамериканскиот регион, на чии превозници ќе им бидат потребни 955 товарни авиони.
Домашниот пазар на воздушни карго во Индија ќе се зголеми речиси четирикратно паралелно со проширувањето на мрежите за брза испорака и е-трговија, забележуваат во „Boeing“.