Богат руски политичар пронајден мртов: Паднал низ прозорец пред хотел во Индија?

Рускиот регионален претставник Павел Антов почина за време на туристичка посета на Индија, објавија руски и индиски медиуми. Околностите за неговата смрт се уште се под истрага.

Веста за неговата смрт ја потврди заменик-шефот на законодавното тело на Владимирскиот регион, Вјачеслав Картухин. Тој не даде никакви детали за инцидентот, кој го опиша само како „трагични околности“.

Антонов го нарече „успешен бизнисмен и филантроп“, пишува РТ.

Починатиот претставник бил член на партијата „Единствена Русија“ – најголемата политичка сила во земјата.

Според индиските медиуми, телото на претставникот било пронајдено пред хотел во Индија. Полицијата, исто така, соопшти дека ги истражува сите можни верзии за инцидентот, вклучително и случајност. Додека индиските медиуми пишуваат дека Антов „паднал низ прозорецот на хотелот“, руската РТ наведува дека постои можност да се работи за самоубиство.

Да потсетиме, Антонов во јуни ги критикуваше руските воздушни напади врз Киев, опишувајќи ги како терор што ги повредува украинските цивили. Тој очигледно беше под притисок поради тие изјави бидејќи подоцна го повлече својот коментар и се извини.

Тој инсистираше на тоа дека „секогаш го поддржувал претседателот“ Владимир Путин и дека ги поддржува целите на неговите „специјални воени операции“.

Антов беше меѓу најбогатите руски политичари, двапати беше на листата на најбогати Руси на Форбс.