Тексашкиот богаташ Рон Стурџен толку ги сака своите три кучиња Вили, Ленс и Дикси па планира да ги именува како единствени наследници на својот имот вреден 75 милиони долари.
„Во семејството се зборува дека ќе им ги остави парите на тие проклети кучиња,“ изјави еден од неговите синови.
Шпанијелите кои живеат во луксузна вила имаат вистински кралски третман, се хранат со најскапа и најквалитетна храна, а сопственикот им отворил профил на социјалните мрежи.
За овие кучиња да остават што подобар впечаток на корисниците на интернеt, нивните профили ги раководи консултант за социјални мрежи Џош Дејвис кој е платен 45 долари на час.
„Поминувам околу осум часа неделно објавувајќи нивни фотографии и снимки на твитер, фејсбук и на блог,“ вели Дејвис кој очигледно добро си ја работи својата работа, имајќи предвид дека кучињата имаат 23 илјади следачи.
Сопственикот сака уште поголема слава за животните, па сака да снима реално шоу со нив.