Богати против сиромашни: Кој има повеќе секс?

Изгледа и кај богаташите и во овој случај важи онаа народната – нема и јаре и паре.

Резултатите од неодамнешно истражување покажуваат дека само четири отсто од богатите луѓе уживаат во секојдневен секс. Во споредба со нив, оние помалку сиромашните односно припадниците на средната класа имаат трипати повеќе секс.

Интересно е дека мажите кои помалку заработуваат изјавиле дека либидото им е на високо ниво, додека само 10 отсто од оние кои заработуваат огромни пари го признаваат истото.

Иако на богатите сексуалниот живот им е послаб, тие се поавантуристички настроени в кревет и подготвени за разни експерименти.

Имено, компанијата „Лавхани“ која го спровела истражувањето во кое учествувале 1.600 испитаници открива дека луѓето кои се доминантни во работата во сексот се потчинети.

„Луѓето кои повеќе заработуваат и повеќе работат. Попатно многу повеќе размислуваат за својата кариера. Тие луѓе помалку внимание посветуваат на сексот и љубовните врски, а многу повеќе на работа. Токму поради тоа и неможат да се пофалат со квалитетна љубовна врска и возбдулив секс.“, заклучува портпаролот на компанијата.