Вредноста на капиталите на најбогатите луѓе ширум светот пораснала минатата 2017 година за 12 отсто, приближувајќи се на нивото од 202 илјади милијарди американски долари, благодарејќи на растот на пазарите на акциите и послабиот долар, покажа годишниот извештај на консултантската компанија „ Boston Consulting Group“ (BCG).
Доколку се исклучат промените на валутните курсеви, вредноста на капиталите на најбогатите луѓе во светот е зголемена за 7 отсто, утврдиле во својот извештај стручњаците на споменатата компанија.
Најголем дел во оваа сопственост им припаѓа на жители на Северна Америка, речиси 43 отсто, додека најсилен раст на вредноста на капиталите е забележана во Азија, Латинска Американ и на Блискиот исток, се истакнува во истражувањето чиишто резултати беа објавени во четвртокот. Мнозинство од супербогатите живеат во САД, Кина и во Јапонија.
Годишното истражување на BCG, исто така, покажало дека Швајцарија во 2017 година ја задржала позицијата на најголем центар за управување со капиталите на странски државјани, во вкупна вредност од 2.300 милијарди долари. Следи Хонгконг со 1.100 милијарди долари доверени на управување од странци, како и Сингапур со 900 милијарди долари.
Двата азиски центра ви изминатите пет години забележале стапка на раст на вредноста на капиталите доверени на управување од 11 односно 10 отсто годишно, во споредба со 3 процента во Швајцарија. Имајќи предвид дека во Швајцарија во меѓувреме е ублажен законот за банкарска тајна, богатите сега потешко го сокриваат богатството од даночните власти во матичните земји. Токму поради овие измени, на Швајцарија денес жестоко ѝ конкурираат центрите како Хонгконг и Сингапур.
Од BCG укажуваат и на падот на пазарниот удел на брокерските компании коишто на богатите им даваат услуги за управување со капиталот, како што се „Morgan Stanley“, „Bank of America Merrill Lynch Wealth Management“, „Wealth Management“ на швајцарската UBS во Северна и во Јужна Америка, и „Wells Fargo Advisorsa“, имајќи предвид дека помалку богатите клиенти зачестено се одлучуваат за други решенија. Така, уделот на брокерските компании на пазарите на услуги за управување со капиталот паднал во 2016 година на 37 отсто, од 41 процент во 2012 година, додека уделот на компаниите со директни канали на управување, како што се „Charles Schwab“ и „Fidelity“ во споменатиот период умерено пораснал од 20 на 21 отсто.
Повеќе од 35 милиони Американци се сопственици на капитал чијашто вредност е проценета на 250 илјади милиони долари, што во споменатиот сектор се дефинира како „масовна имотност“. Високиот партнер во BCG, Брент Бридсли напомнува дека многу штедачи во оваа категорија ги држат поголемиот дел од своите пари на сметките на пензиското штедење, со коишто, пак, во многу случаи управуваат токму компаниите како „Charles Schwab“ и „Fidelity“. „Тие имаат природна структурна предност во однос на класичните финансиски компании“, истакнува Бирдзли. Кога, пак, станува збор за супербогатите во Северна Америка, предност и натаму имаат компаниите коишто се специјализирани за советување при вложувањата, утврдиле во BCG.