Годинава севкупното богатство на 500-те најбогати луѓе на планетата се зголемило за 25 отсто, односно за 1,2 трилиони американски долари, пресметала агенцијата Bloomberg.
Според годишниот „индекс на милијардерите“(Bloomberg Billionaires Index), нивното богатство се процвенува на 5,2 милијарди долари.
Годинешниот лидер на оваа рангирање е Бернар Арно, челник на француската LVMH (Moet Hennessy — Louis Vuitton), која е сопственик на брендовите Christian Dior, Louis Vuitton и Givenchy. Според Bloomberg, богатството на третиот најбогат човек на светот се зголемило за 36,5 милијарди долари во однос на минатата 2018 година.
Најбогатиот човек на планетата и натаму е извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, и покрај загубата на девет милијарди долари во постапката за разводот на бракот. Во четвртокот акциите на онлајн-продавачот се зголемија откако компанијата објави рекордна продажба во сезоната на празниците.