Богдановиќ повторно ќе се кандидира за градоначалник на Центар

Актуелниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ информираше дека повторно се кандидра за градоначалник.

-Почитувани другари и другарки,сопартијци и соборци, драги центарци, денеска во просториите на Општинска Организација СДСМ Центар, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори. Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори.Во изминатите години постигнавме многу за центарци, а знам и верувам дека ќе постигнеме уште повеќе.“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.