Богоев да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов, бара ВМРО-ДПМНЕ

Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Зградата на Шилегов во Карпош е дивоградба. Цели два ката од зградата се вон ДУП. Општина Карпош е единствена надлежна институција која издава дозволи за градба, доградба или реновирање, но и спроведува рушење кога станува збор за дивоградба. Во делот каде се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов во сила е ДУП кој дозволува градба во висина од 7.5 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов кренал уште два ката над тоа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Карпош и градоначалникот во заминување, Стефан Богоев треба да постапат според закон и да ја срушат дивоградбата. Во спротива се е прикривање на Шилегов, додаваат од таму.