Богоев го пустоши Карпош од дрвја, иако пред да биде избран тврдеше дека „борбата за повеќе зеленило е борба за живот”

Урбанистички хаос, узурпација на зелени површини и обид да се загрози автентичноста на Влае се дел од поплаките на граѓаните од оваа урбана заедница на средбата со Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош.

„Сите ДУП-ови кои се во процедура и не се донесени ќе бидат целосно разгледани и ревидирани земајќи ги предвид мислењата на граѓаните истакнати во анкетните листови“, нагласи Богоев.

Започнуваме, како што рече Богоев, бескомпромисна борба против урбаната мафија која изминативе години педа по педа го уништуваше зеленилото и придонесе граѓаните да дишат загаден воздух.

Богоев напомена дека во програмата е предвиден зелен урбан кодекс чија цел е попис на зеленилото и негово планирање, како и стимулација за изградба на зелени површини на поголемите рамни покриви.

„Имаме чесен пристап. Нема да ветуваме чуда, но ветуваме работа, редовни средби со граѓаните и здруженијата и градење меѓусебна доверба. Општина Карпош повторно ќе биде сервис на граѓаните, а не на партиските интереси“, децидно одговори Богоев на прашање на еден од присутните граѓани околу достапноста и транспарентноста на општината.

На средбите се разговараше и за сообраќајниот хаос што владее во Влае.

„Нашата цел е поставување екопаркинзи кои покрај решавање на проблемот со паркирање ќе овозможат и дополнително раззеленување на општината“, нагласи Богоев.

Ова го ветуваше Стефан Богоев пред да стане градоначалник, а денес на територија на општина Карпош се случува масовна сеча на дрвја, на што реагираат од О2 Иницијативата: