Богоев: Патот за Трнодол останува ист, нема да има зграда

334

Помеѓу патот за Трнодол и патот за Жданец нема да има зграда, изјави денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Тој денеска имаше средба со жители на Трнодол, кои побараа бараат стопирање на предложениот ДУП за Трнодол.

„Напротив, во Деталниот урбанистички план кој сега е само во почетна фаза и е на јавна анкета, овде се предвидува намена Д1, односно парковско зеленило, онака како што ви го ветив на вас граѓаните, во кампањата, од истото ова место.Што се однесува до дилемите дали тука ќе има мост. Со Регулацискиот план на Град Скопје, уште одамна е предвиден мост којшто треба да го спојува патот за Трнодол и патот за Жданец, па така, ние како Општина мораме тој Регулациски план да го преземеме во нашиот ДУП. Но, како и да е, во секој случај, со предложениот ДУП, овој пат, патот за Трнодол останува и понатаму ист. Оттука, ниту каналот ќе се затвори, ниту на ова место ќе се гради зграда, ниту патот за Трнодол ќе се затвори“, вели Богоев.

Тој ги повика граѓаните да дојдат денеска, на јавна преземнатција, во 13:30 часот, во урбаната заедница „Кузман Јосифовски Питу“, и да ги ги дадат нивните критики и забелешки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.