Богоевски призна: Со Законот за ЈО не се спроведе потребната реформа

Поранешниот пратеник Павле Богоевски призна дека последниот ден од мандатот на досегашниот парламентарен состав беше донесен Закон за јавно обвинителство кој не одговара на она што ѝ е потребно на Македонија за реформи во правосудството.

– Далеку од тоа дека Законот за Јавно обвинителство е совршен и дека со него е спроведена потребната реформа. Но беше неопходно тој да биде донесен пред изборите. Она што е битно е дека со тој закон се овозможи континуитет на започнатите предмети на Специјалното јавно обвинителство, и фактот што се донесе закон според кој обвинителите не ги бираат политичарите, туку се бираат од страна на обвинителската фела, рече Богоевски во текот на гостувањето на 24Анализа

Поранешниот пратеник од пратеничката група на СДСМ нагласи дека она што не му се допаѓа кај овој закон што тој процес за избор на нови обвинители е затворен за професорска фела и експртите.