Богоевски сам се пријави во полиција за масло од канабис: Ако треба нека ми направат тестирање

Попладнево, пратеникот Павле Богоевски излезе од полициската станица Центар, се пријави самиот себеси но и непознат сторител, објави телевизија Телма. Во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави сам себе бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.

Објавената снимка ја коментираа и од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека многу лесно може да се провери дали пратеникот од власта употербувал дрога.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.