Бојан Јовановски чекал операција и затоа бил сместен во хашкото одделение во „Шутка“

671

Поради безбедносни и здравствени причини притворениот Бојан Јовановски е сместен во хашкото одделение во затворот, тврди директорот на КПУ„Шутка, Есад Рахиќ.

– Ние имаме посебни безбедносни протоколи, притворениот е прегледан од лекар, имал претходна операција го очекува и нова и не можеме да ризикуваме да го сместиме во другите одделенија на затворот. Но. сепак не треба да се има впечаток дека ова одделение е за привилегирани бидејќи сепак и тамошните услови не се перфектни- објаснува Рахиќ за „Фокус“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.