Бојан Трајковски потпиша договор со унгарски „Пакс“

Македонскиот репрезеннтативец Бојан Трајковски повеќе не е член на „МЗТ Скопје“,откако потпиша за тимот на „Пакс“ од Унгарија, потврдија од новиот клуб на кошаркарот.

Унгарците официјално го претставија Трајковски и објавија дека потпишале едногодишен договор со македонскиот репрезентативец.
„Пакс“ е тим од горниот дел на табелата во Унгарија кој има и шампионски амбиции за следната сезона.

Трајковски само една сезона помина во Аеродром, а со „МЗТ“ го освои само Купот.„Металците“ изгубија во плеј-офот од „Работнички“ и останаа без титулата во домашното првенство. Тој во домашната лига имаше просек од 14,5 поени, 6 скока и една блокада по натпревар. Додека во АБА лигата имаше просек од 13,1 поен и 5,4 скока.