Бојата на ноктите открива колку сте „напалени“

Во морето најразлични истражувања, што научниците и квазинаучниците ја сервираат на дневна основа, еве едно занимливо, а се однесува на тоа дека бојата на ноктите може да се поврзе со сексуалното либидо кај жените.

Истражувањето е спроведено во САД, а истото открива дека жените што носат црвен маникир се најнапалени.

Црвената боја се смета дека е боја на љубовта и на страста, а 31 отсто од испитаниците откриле дека сметаат дека жените со такви нокти се постраствени и сакаат повеќе спот.

Истражувањето е спроведено од страна на еден произведувач на лакови за нокти, а во него учествувале Нешто повеќе од 2.000 мажи и жени, на возраст над 18 години.

Резултатите покажале дека луѓето воопштено мислат дека жените, што носат лак на ноктите се сексуално поактивни, но и поактивни во креветот што посебно важи за жените сакаат црвена боја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.