Боки 13: Ардијан Амзовски даде и 350.000 евра во кеш, зошто не се испитува тоа?

1.490.000 евра од ГП Пелистер и 980.000 евра од Дрим Билдинг од Адријан Амзовски требало да бидат уплатени преку авторска агенција на Лилјана Тодоровиќ и Јасна Мандиќ, но обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 тврди спротивно на обвинението, односно дека парите не завршиле кај него.

Од средствата само 50% биле уплатени, односно околу еден милион евра.

Потенцираше дека истиот проект бил нуден и на претходната влада како и на повеќе општини.

Откако пензионерката по препорака на Мила Царовска, како што вели Боки 13, пристапила во Меѓународен сојуз, се претставила како дел од Асоцијација на пензионери, додавајќи дека тие веќе имале воспоставено систем, кој требало да биде имплементиран во Македонија.

Јовановски во своите воведни зборови рече дека парите не завршиле кај него, додавајќи дека има фотографии кои како што вели тој ќе бидат решавачки за предметот, но за тоа побара од судот вештачење на неговиот мобилен телефон.

Јовановски тврди дека од Ардијан Амзовски добил и 350.000 евра во кеш, а потоа ги вратил на истиот, за што вели дека има и докази, фотографии.

Јовановски во претходниот предмет “Рекет”, за кој има неправосилна пресуда, ја имаше фотографирано екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со сноп евра во нејзиниот дом.