Боки 13: Царовска пензионерката ја упати кај мене, Амзовски прифати оти се појавуваше Кирацовски

Истакнати бизнисмени беа дел од конститутивната седница на „Меѓународен сојуз“ и го повика бизнис секторот да се вклучат во акциите на невладината организација.

„Ниту еден денар не сме искористиле државни пари, ова требаше да биде самоодржлив капитален проект кој не може ниту државата да го смисли“, рече Бојан Јовановски.

Јовановски додаде дека соработката со ГП Пелистер и Силјан Мицевски се случила преку посредници.

„Во доказната постапка ќе слушнете како Мила Царовска, пензионерката со проектот ја упатува кон мене. А бизнисменот Ардијан Амзовски, доколку не го видеше Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот“, рече Бојан Јовановски.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.