Боки 13 четири часа ги разгледуваше доказите против него, вратен во притвор

Шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13 четири часа во средата во дделот за организиран криминал и висока корупција на Јавното обвинителство ги разгледува доказите за случајот „Рекет“, во кој е првоосмничен, а потоа беше вратен во притворското одделение на затворот во Шуто Оризари.

Јовановски придружуван од својот адвојкат Сашо Дукоски ги разгледуваа презентираните материјали со коишто располага обвинителката Вилма Русковска и со кои ќе настапи откако ќе биде покренато обвинението. Инаку по повеќе од три месеца, ниту за Јовановски, ниту за осомничените Зоран Милевски Кичеец и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кои се досега единствените осомниечни во мултимилионската афера за рекетирање македонски бизнисмени, сѐ уште не е покренато обвинени.

Како што најави адвокатот Дукоски, Јовановски по известувањето дека истрагата во која биле користени и дополнителни и ткн „пи“ мерки е завршена, ќе побараат ослободување на притворот.

„Ги видовме дел од доказите. Ова требаше многу порано да се случи, вo текот на истрагата. И во следните денови ќе ги разгледуваме доказите. Не беа само докази, туку и други работи имаше. Не значи дека има обемен доказен материјал. Меѓу доказите се и снимките кои ги виде јавноста. Денеска беше неопходно да дојде Јовановски, а сметам дека и на другите увиди ќе дојде. Дали ќе има истрага за Меѓународен сојуз или за други лица, тоа е одлука на обвинитело“, рече Дукоски.

Појасни дека станува збор за докази кои биле готови до овој момент, како и дека другите кои биле од технички домен не бидел подготвени. Дукоски за новинарите рече и дека не видел ниеден исказ од политичарите кои даваа исказ за истиот случај, но забележа зошто не им бил презентиран исказот од Зоран Милески, кој сега е во домашен притвор.

Јовановски во понеделникот беше на распит кај Русковскат, но тогаш се бранеше со молчење, истакнувајќи дека денеска ќе почне со разгледување на доказите. Неговиот адвокат изјави дека добиле известување дека истрагата е завршена, па за него апсурдно е по завршена истрага да се викаат осомничените на распит.