Боки 13 денеска во обвинителството повторно ќе дава исказ за кривичните пријави што ги поднесе

41

Денеска Бојан Јовановски попознат како Боки 13 повторно ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство каде ќе дава свој исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против триесетина актуелни функционери на власта.

Јовановски почна со поднесување неколку кривични пријави на почетокот на јули, адвокатот Сашо Дуковски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки се поради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.