Боки 13: Другар ти и жена му ми се на гости вечерва (ВИДЕО)

На веб страницата на миланскиот дневен весник Ла Верита утрово е објавен видео прилог со аудио снимки од рекетот на Бојан Јовановски кон Орце Камчев. Во една од снимките, Боки 13 му се фали на Орце Камчев дека вечерта на гости ќе му дојде другар му Бобо со жена му.
БОКИ 13: Другар ти и жена му ми се на гости вечерва.

ОРЦЕ: За тоа ли ми звони Бобо прееска? Ми се јавува и ми вика, да поминеме вечерва со Синиша, има добра утакмица Јувентус, ќе дадеш вино и пршута…Јас му викам, нема проблем, дојдете…Никој нема престава дека дојдоа на две места, кај мене дома и кај Боки во Тафталиџе….

Во дел од разговорот се слуша женски глас кој му потврдува на Камчев да не се секира дека се ќе биде во ред.

– Не се секирај за ништо се ќе биде ОК, вели женскиот глас.

На објавените снимки се  слуша како соговорниците се договараат, а Камчев го прашува Бојан Јовановски:

„Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа “Лиле”.