Боки 13 ѝ го подарил мебелот на Јанева што никогаш не го платил

Мебелот што со полициска асистенција денеска беше изнесен од домот на Катица Јанева во населбата Козле – фотелји, софа, маса и друга покуќнина – бил подарок од Бојан Јовановски – Боки 13, дознава „Дојче веле“.

Но, мебелот никогаш не бил платен во салонот од каде што бил набавен.

Имено лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена. Но, тоа не се случило