Боки 13: Не се плашам, ќе ја отворам Пандорината кутија

Постојат мисли и сеќавања кои не смееме да си ги изговориме ниту на самите себеси, вели Бојан Јовановски во својот завршен збор, додавајќи дека пред судот и јавноста овој пат ќе си дозволи овие зборови да ги каже, со што ќе ја отвори „фамозната Пандорина кутија“

Вели дека постои можност поради ова да биде „самоудавен во кофа вода“ поради ова, но додава дека не се плаши и ги повика да се обидат да го направат тоа.

Јовановски тврди дека тој е предмет на политички прогон бидејќи токму тој е идниот лидер на оваа земја, колку и тоа на некому да звучи комично.

Тој ја замоли јавноста да го следи секој негов збор со внимание. Објасни дека тој не подлегнал под ничиј притисок, ниту пак ги прифатил „советите“ на емисарите кои во затворот му велеле дека требало да молчи за да добие подобар третман.

Јовановски ја обвини Русковска дека лажела во целиот процес и сакала да сокрие нечии кривични дела.