Боки 13 поднесе нови кривични пријави

Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе нови кривични пријави. Според информациите од неговиот адвокат Сашко Дуковски, денеска поднел шест кривични, против повеќе лица.

„Поради фактот дека се работи за предистрага и само поднесување на кривична пријава, не можам да кажам за кои лица станува збор, само ќе кажам дека станува збор за претставници на медицинската струка кои учествувале во некакви процеси, претставници на власта, на судската и на обвинителската фела“, изјави Дуковски.

Тој рече дека пријавите се поднесени за повеќе кривични дела меѓу кои: злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура, обид за убиство и др.