Боки 13 претeпан во затворот „Идризово“

Бојан Јовановски – Боки 13 се здобил со повреди на главата и телото откако бил претепан во затворот „Идризово“, каде ја издржува затворската казна. Како што информира „А1он“, Јовановски бил нападнат од три лица, а на нападот не му претходеле расправии.

Наводно, нападот се случил во дворот на затворот, по што лицето со Брза помош било пренесено во болница.

Од МВР велат дека случајот бил пријавен и кај нив од страна на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

„На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.