Јовановски нема рак, покажа лекарскиот наод

Кај обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, не се пронајдени малигни материјали, според медицнскиот наод од Клиниката за гастро кој во вторникот на рочиштето го прочита судијката Весна Николовска Масевска.

Судијката притоа истакна дека пристигнала медицинска документација од вчерашниот преглед на Јовановски во Клиничкиот центар.

„Пристигна известување од Клиниката за гастроентерохепатологија, во кое пишува дека за Јовановски нема елементи за спреченост за да ги следи судењата и препорака да се однесе на дигестивен хирург“, посочи судијката. Николовска Масевска.

Прочита уште еден медицински извештај, во кој биел наведено дека Јовановски има хроничен гастрит, а малигни материјали не биле најдени.

„Ова е изживување врз мене. Ве молам кажете кој ја потпиша документацијата“, рече Јовановски.

Кога судијката му посочи дека документацијата ќе му биде доставена, Јовановски инсистираше името на докторот да биде прочитано јавно

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковским, претходно на почетокот на денешното рочиште за случајот „Рекет” рече дека неговиот клиент од здравствени причини не може да го следи судењето, но

Дуковски го извести судот дека не е земена предвид наредбата на судијката Васка Николовска-Масевска да се изврши конзилиарен преглед врз Јовановски на Клиниката на гастроентерохепатологија.

Во конкретниот случај бил прегледен само од дежурен лекар. Бојан Јовановски, не е во состојба да го прати судењето. Трпи огромни болки во пределот на абдоменот. Пред да биде донесен во суд примил огромен број на седативи, рече адвокатот Дуковски.
На дискусијата меѓу одбраната и судот се вклучи и обвинетиот Боки 13, кој истакна дека има болки во желудникот, односно дека не е во состојба да го прати рочиштето.

Судијката Николовска Масевска, по оваа барање даде 30 минути пауза за Бојан Јовановски да биде прегледен од екипи на Брза помош.

По пауза од половина час и по одлуката на лекарскиот тим, судот заклучи дека има услови да продолжи судењето, рече судијката откако обвинетиот Бојан Јовановски беше прегледан од лекар од Брзата помош.

Судијката Васка Николовска Масевска оваа одлука ја донесе и, како што рече, откако дошло мислење од Клиниката за гастро дека дигестивен хирург требада го прегледа Јовановски, а и врз основа на хитопастолошки наод каде што е наведено дека нема малигни и атипични промени во материјалот што бил доставен на испитување.

По ова Јовановски обвини дека извештајот од лекарите бил фалсификуван, на што судијката се закани дека ќе го отстрани од судницата ако и натаму го прекршува редот. –

„Ако сакате, може и да ме обесите, судијке“, ѝ рече Јовановски на судијката, по што судењето продолжи ќе се знае дали ќе продолжи рочиштето за „Рекет”.

Вчерашното рочиште за „Рекет” не се одржа поради влошена здравствена состојба на првообвинетиот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски. Судењето за коруптивната афера „Рекет”, каде е обвинета и поранешната специјална јавна обвинитрелка Катица Јанева, е во фаза на презентирање на материјални докази од страна на обвинителството.