Боки 13 утре на распит за „Рекет“

Првоосомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, утре ќе биде спроведен на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

На Боки 13 паралелно му истекува и рокот од 15 дена за увид во доказите и предлагање негови докази.

Денеска завршува рокот за увид во доказниот материијал за овој случај.

Случајот „Рекет“ во води обвинителката Вилма Русковска.

Законот за кривична постапка (ЗКП) предвидува откако ќе завршат истрагата и рокот на одбраната за увид во доказите и предлагање докази, обвинителството има рок од 15 дена да поднесе обвинение. Овој рок може да се пролонгира и до 30 дена, ако станува збор за кривични дела од обласна на организираниот криминал.