Боки 13 задржан на интензивна нега

53

Првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември.

Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.

Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато.

„Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“, информираат од болницата.

Пред десетина дена неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

Првото рочиштето за случајот „Рекет” е закажано за 3-ти декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.