Болдвин се појавил на церемонијата на збогување од Хатчинс која смртно ја застрела на снимањето

Познатиот американски актер Алек Болдвин присуствувал на затворената за јавноста церемонија на последното збогување од директорката на фотографијата Халина Хатчинс, која смртно ја застрела во текот на снимањето на филмот чиј продуцент е самиот, пишува весникот The New York Post.

Според весникот, церемонијата се одвивала во градот Санта Фе, во американската сојузна држава Њу Мексико, во чијашто близина се снима филмот на чиј сет се случи инцидентот во кој Болдвин ја уби Хатчинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

„Алек Болдвин присуствувал во петокот вечерта на затворената приватна церемонија на збогување со 42-годишната кинематографка во петокот дона вечерта“, се наведува во информацијата на весникот.

Истата церемонија која ќе бида отворена ќе се случи подоцна во саботата во Санта Фе, пренесуваат медиумите повикувајќи се на семејството Хатлинс.

Претходно во петокот Болдвин на својот профил на Instagram напиша дека целосно соработува со полицијата во истрагата за несреќата. Исто така, наведе дека е во контакт со семејството на почината и ја нуди својата поддршка.

Инцидентот се одигра на филмскиот сет во сојузната држава Њу Мексико, при снимање на сцена со пукање од пиштол. Џоел Соуза, режисерот на филмот „Rust“, во кој 68-годишниот Болдвин го игра озлогласениот криминалец Харланд Раст, кој дознава дека неговиот внук тинејџер е обвинет за случајно убиство, пукал од пиштол реквизит кој требало да биде наполнет со празни патрони.

Соуза беше ранет во клучната коска и со амбулатно возило е однесен во регионалниот медицински центар „Кристус Сент Винсент“, додека Хатчинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот Њу Мексико во Албукерки, каде што е прогласена мртва.

Халина (Галина) Хатчинс, како што се наведува на нејзината веб-странице, е родум од Украина и пораснала во поранешниот Советски сојуз. Дипломирала на Катедрата за меѓународно новинарство на Универизтетот во Киев, по што работела со британски документариски како истражувачка новинарка. Последните години живее во Лос Анџелес а како снимателка работела на филмовите „Darling“ (2019), „Nemesis“ (2020) и Blindfire (2020).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.