Болидите на Мекларен од 2021-та со мотори на Мерцедес

69

Британскиот тим кој се натпреварува во Светското провенство во класата Формула 1, „Мекларен“ објави во саботата дека од 2021 година ќе ги користи моторите на германскиот произведувач „Мерцедес“ наместо на француски „Рено“.

Од „Мекларен“ додаваат дека моторите на „Мерцедес“ ќе ги користат најмалку до 2024 година.

„Мекларен“ соработуваше со „Мерцедес“ од 1995 до 2014 година, кога германскиот производител се реши да формира своја екипа. Следеше неуспешната тригодишна соработка на „Мекларен“ со јапонска „Ходна“ од 2015 до 2017 година, додека од 2018 година болидите на британскиот тим ги движат моторите на „Рено“.

Екипата на „Мекларен“ е во процесто на реструктуирање за да се врати на усепсите, бидејќи последната победа ја има остварено уште во 2012 година.

Покрај својот тим, „Мерцедес“ со мотори ги снабдува и екипите на „Рејсинг Поинт“ и на „Вилијамс“ , со кој претходно месецов го продолжи договорот до 2025 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.