Боливискиот претседател протестите ги оцени како државен удар

Боливискиот претседател Ево Моралес смета дека масовните протести и повикот на генерален штрајк поради сомневање дека левичарскиот претсеадтел ги наместил изборите, претставуваат обид за државен удар.

„Во тек е државен удар (,,,), десницата со меѓународна помош подготвува државен удар“, рече во средата на специјано свиканата прес-конференција 59-годишниот Ево Моралес, алудирајќи на демонстрантие кои не дозволуваат пребројување на гласачките ливчиња и ги потпалуваат државните згради.

Според социјалистички претседател на Боливија, пучот го подготвиле десничарските сули незадоволни од неговиот резибор, со меѓународна поддршка, но не споменал ниедна држава.

„Немаме намера да се конфронтираме, на сила ќе биде вонредната состојба, мирната и уставна мобилизација за заштита на нашата демократија“, додал Моралес кого го цитира весникот Deber.

Претседателските избори во Боливија се одржаа на 20-ти октомври. Сомнежите за наводно местење на изборите започнаа кога поради протести изборната комисија ја прекина обработка на изборниот материјал, Ево Моралес беше во водство со 45,3 отсто пред главниот противкандидат Карлос Меса со 38,2 отсто. Подоцна пребројувањето беше продолжено и објавено дека по обработените 97 од гласовите во водство е актуелниот претседател со 46,03 отсто од гласовите, наспроти 37,35 отсто за Меса. Ваквиот исход е близу да му осигури победа на Моралес уште во првиот круг, бидејќи според законот во Боливија, за победа во првиот круг потребни се повеќе од 40 отсто од гласовите и 10 отсто повеќе од првиот следен кандидат.

По објавувањето на овие резултати, протестите ексалираа ширум Боливија и прераснаа во насилни безредија во кои дојде до судири меѓу приврзаниците и противниците на Моралес, како и со полицијата.

Протестите се одржуваат од ноќта кон вторникот во повеќе боливиски градови.Протести и судири меѓу групите приврзаници на двајцата кандидата, како и со полицијата, има во фактичката престолнина Ла Паз, и во офицајлниот главен град Сукре, како и во градовите Оруро, Санта Круз, Кочабамба и Потоси. Во Сукре демонстритите подметнале пожар во близина на зградата на локалната изборна комисија. Во Потоси и Кочамамба пребројувањето на гласовите е прекинато поради протестите пред зградата на изборната комисија, а во градот Тахоре бил запален изборниот материјал, а биле запалени уште три згради во кои се сместени регионалните изборни комисии.

Потпретседателот на боливискиот Врховен изборен суд (TSE), Антонио Коста ја затвори установата, критикувајќи го системот за пребројување на гласовите. Меѓутоа, судијата од овој суд, Едгар Гонзалес, рече дека „Измамата не е возможна, бидејќи граѓаните имаат пристап до записниците“.

Во понеделникот набљудувачите на Организацијата на американски држави (OAS), во која многу членки се противници ја левичарските латиноамерикански претседатели, изразија „голема загриженост и изненадување поради радикалниот и тешко сфатливиот пресврт во врска со тенденцијата на прелиминарните резултати“, но конкретно не изјавија за нерегуларности на изборите. Состанокот за Боливија се одржува во средата во Вашингтон, во седиштето на ОАС, кој се согласи на барањето на владата да се спроведе ревизија на пребројувањето на гласовите.