Болните од Covid-19 во Прилеп нема каде да се лечат, болницата исполената а монтажната уште ја нема

Инфективното одделение во прилепската болница веќе неколку недели е со исполнет капацитет. Во одделението се сместени 30 пациенти, иако по новите протоколи за работа во услови на пандемија од коронавирусот, одделението не смее да прими повеќе од 18.

Покрај немањето болнички кревети, прилепската болница се соочува и со недостиг од персонал. Четворица инфектолози и десет активни сестри, без централен довод на кислород со боци тешки над 30 килограми и без дополнителна помош деноноќно водат макотрпна битка за секој човечки живот.

Досега таму починале 14 лица и тоа во болнички соби во кои лежат повеќе пациенти. Со 25 ново заболени во изминативе два дена од КОВИД-19 и 42 починати, Прилеп и натаму останува меѓу водечките градови во земјава по заразани од корона вирустот.

Друг проблем со кој се соочуваат е тоа што, тешко болните пациенти од Прилеп се праќаа во Клиничката болница во Битола, но и таму веќе не ги примаат. Додека пак во Скопје, можат да се испратат само пациенти, на прилично помлада возраст, до 40 години.

Од министерството за здравство, уште летово, беа најавени монтажни болници кои требаше да служат за третман на пациенти заразени од корона висрусот. Подготвувајќи се за лошово сценарио, кое веќе на почеток на есенва и се случува, министерот Венко Филипче најави дека монтажните болници ќе има во склоп на сите општи болници во државава.

„Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци. На почеток на август ќе ги почнеме и тие процеси, а тоа значи дека секоја од 16-те болници ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде ќе бидат сместени тие пациенти за целосно физички да се одделат пациентите болни од КОВИД и евентуално и други инфективни заболувања од останатите пациенти од постојните болници за да можат тие објекти нормално да функционираат“, изјави Филипче во јули месец.

Но досега минаа неколку месеци, започнува сента и лошото сценарио коешто властите го предвидоа веќе се остварува, а најавените монтажни болници никаде ги нема. На праг на есенскиот бран од коронавирусот, кој ќе биде придружен со сезонските вируси и настински, земјата се соочува со преполни капацитетеи во болниците, истрошен и изморен, и онака малубреон кадар. А, и како што е примерот со прилепските пациенти, во болници да се примаат само тешко болните на возраст до 40 години.