Болоња ја изненади Рома на „Олимпико“

59

Фудбалерите на Болоња ја изненадија Рома на нејзниот терен на римски „Олимпико“ победувајќи ја со 3:2 во премиерниот меч од 23-то коло на италијанската Серија А.

Гостите постигнаа четири од петте погодоци. Откако Рикардо Орсолини ја доведе Болоња во водство во 16 минута, израмнувањето на Рома го донесе во 22 минута гостинскиот бек Стефано Денсвил. Но потоа со двата погодока во 26 и во 51 минута Муса Бароу им носи на гостите комотна предност која успеа да ја намали Хенрих Мхитарјан во 72 минута. Во 80 минута од игра беше исклучен домашниот играч Бриан Кристанте, што беше еден од факторите „Волчицата“ да не успее во намерите да спаси барем бод.

За Болоња ова беше третата победа во низа и се искачи привремено на шестото место со 33 бодови, а Рома и трето коло по ред не успева да победи, па засега останува на петтата позиција на табелата со 39 бодови. Водечкиот Јувентус има 54 бодови, Интер е втор со 51, а Лацио е трет со 50 бодови.

Во сабота играат Фиорентина – Аталанта, Торино – Сампдорија и Верона – Јувентус, а во недела се среќаваат СПАЛ- Сасуоло, Бреша – Удинезе, Наполи – Лече, Ценмова – Калјари, Парма – Лацио а колото го затвора големот миланско дерби меѓу Интер и Милан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.