Болоња го шокираше Интер на „Сан Сиро“, Наполи се израмни со Рома

05 July 2020. ANSA / CIRO FUSCO

Во последниот натпревар од 30-то коло на италијанската Серија А, фидбалерите на Наполи на домашен терен ја совладаа Рома со 2:1 и бодовно се израмнија во борбата за петтото место.

Наполи поведе во 56 минута преку Хозе Каљехон, за „Волчицата“ израмни Хенрик Мктаријан во 61 минута, а победата на домашните им ја донесе Лоренцо Инсиње во 83 минута.

Наполи за кој настапува македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз сега има 48 бодови на шестото место, колку што има и петтата Рома

Фудбалерите на Болоња го приредија едно од најголемите изненадување во досегашниот тек на Серија А, откако во првиот неделен натпревар од 30-то коло со пресврт на милански „Сан Сиро“ го совладаа домашниот Интер со 2:1.

Интер на овој меч имаше и водство и играч повеќе, па се чинеше дека ќе успее да му се проближи на само бод разлика на второпласираниот Лацио и на осум кола до крајот на осум бодови зад водечкиот Јувентус. Покрај тоа, при резултат 1:0 „Нераѕурите“ имаа и пенал, но ни тоа не беше доволно да се совлада Болоња.

Интер поведе во 22 минута со погодокот на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку кој го постигна својот 20-ти погодок сезонава. Прво Лаутаро Мартинез со удар со глава ја погоди стативата, а Лукаку одбиената топка ја смести зад грбот на гостинскиот голма Лукаш Скорупски.

Во 57 минута Болоња остана со играч помалки, откако поради приговор беше исклучен Роберто Сориано, а само пет минути подоцна Интер доби и пенал. Но ударот на Мартинез со одлична реакција го запре Скорупски и го одведе мечот во друга насока. Со играч помалку гостите во 75 минута израмнија со голот на Муса Жувара, а три минути подоцна и Интер остана со играч помалку, откако беше исклучен Алесандро Бастони. Гостите во 81 минута направија целосен пресврт со голот на Миса Баров.

Јувентус е прв со 75 бодови, Лацио и Интер по домашните порази во ова коло останаа на 68 односно 64 бодови. Болоња пак, од 12-то скокна привремено на 9-то место со 41 бод.

Во дуелот на екипите од Серија А во кои настапуваат македонски репрезентативци, Удинезе и Џенова одиграа нерешено 2:2. Првиот гол за гостите го постигна капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев за во тој момент намалување на водството на домаќините на 2:1. Во игра влезе од клупата за резерви во 59 минута и по само 22 минути поминати на теренот се запиша во листата на стрелците. За Пандев ова беше осми гол сезонава во првенството. Во домашниот тим стартер беше Илија Несторовски кој одигра 58 минути и беше заменет.

По 30 кола, Удинезе има 32 бода на 15-то место и засега е на сигурна дистанца од зоната на испаѓање, додека Џенова со 27 бода е 17-ти, со само два бода над линијата од опасната зона.

Аталанта на гостувањето кај Кајари победи со голот на Луси Мириел во 27 минута од пенал,. Со тоа го искористи киксот на Интер во борбата за третото место. Тимот од Бергамо сега има 63 бодови еден помалку од Интер. Калјари остана на 11-то место со 39 бодови.

Бреша ја победи Верона со головите на Андред Папети во 53 и Алфредо Донарума во 90 минута. Бреша и натаму е претпоследна 19-та но сега со 21 бод, шест помалки од зоната која гарантира опстанок во Серија А. Верони остана осма со 42 бодови.

Сампдорија со двата погодока на Карол Лиенти во 13 и во третата минута од судиското на првото полувреме а претходно погоди и кога погоди и Маноло Габалдини лесно го доби на свој терен последниот СПАЛ. Со овие три бода се Сампдорија се чини си осигури помирна завршница на првенството, сега е 14-та со 32 бодови.