Болсонаро ја „испеглал“ службената картичка за пет милиони долари

Од службената кредитна картичка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, до којашто пристап имало уште 21 лице од неговиот тим, биле потрошени пет милиони американски долари во текот на четиригодишниот мандат, покажуваат податоците кои во петокот на мрежните страници ги објави новата бразилска администрација.

За разлика од своите претходници, десничарот Жаир Болсонаро беше таинствен кога станува збор за трошоците, но неговиот наследник на должноста левичарот Луиз Инасио Лула да Силва одлучи да ги објави.

Медиумите притоа забележуваат дека Болсонаро изјавувал дека си картичката не потрошил „ниту паричка“, но сметките покажуваат спротивно.

Според овие податоци, Болсонаро на годишните одмори во 2019-та, 2020-та и 2021 година потрошил повеќе од 235.000 американски долари.

При посета на бензинска пумпа од картичката се потрошени речиси 14.000 долари и 286.000 на неколку престои во луксузен хотел во Гваруја, летовалиште во близина на Сао Паоло.

Но се чини дека Болсонаро од картичката најмногу трошел бохгати и вечери. Во текот на релативно евтин ресторан во Боа Вишта во сојузната држава Рораима, како што опишуваат бразилските медиуми, биле потрошени повеќе од 21.000 долари.

Во текот на четирите години од претседателскиот мандат во една пекарница во Рио де Жанеиро од картичката биле платени сметки во вкупен износ од над 71.000 долари, а едно пазарење изнесувало речиси 11.000 долари. Таа сума била потрошена на денот на свадбата на синот на Болсонаро и во пресрет на бајкерски собир на улиците на Рио кој го организирале неговите приврзаници.

На сладолед биле потрошени повеќе од 1.600 долари, се додава во медиумските извештаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.