Болсонаро и натаму го намалува значењето на епидемијата на коронавирусот

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро продолжи да го намалува значењето на епидемијата од коорнавирусот, наведувајќи дека „ не е сосема така како што е направено да изгледа“ и негираше дека се пополнети сите капацитети во болниците во земјата.

Тој апелираше до гувернерите на сојузните држави да не бидат „толку радикални“ и предупреди дека мерките за карантин скапо ќе ја чинат економијата, пренесуваат британските медиуми.

Тој процени дека 60 до 70 отсто од бразилската популација ќе биде заразена од вирусот.