Болсонаро потврди дека е позитивен на коронавирусот, СЗО му посака брзо заздравување

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро потврди во вторникот дека е позитивен на тест за Covid-19, болеста чијашто опасност редовно ја минимизираше откако започна пандемијата на коронавирусот, а во неговата земја усмрто 65.000 луѓе.

„Штотуку дојде позитивен тест. Имав температура 38 степени, но белите дробови ми се чисти. Лекарите ми дадоа хидоксихолокин и азитромицин (антибиотик) по што се чувствував добро. Одлично сум“, изјави 65-годишниот претседател за неколку телевизии во втгорникот.

Додаде дека сега работи што е можно повеќе „преку видео-конференција“, откако во понеделникот вечерта објави дека била на рентгенско снимање на белите дробови во воена болница.

Телевизијата CNN Brasil и весникот Estado de S.Paulo објавија во понеделникот дека Болсонаро, кој неколкупати во јавноста демонстрираше дека коронавирусот го сфаќа лесно како „слаб грип“, покажува симптоми на болеста. Кон крајот на март, тој ја минимизираше значењето на пандемијата на коронавирусот. Тогаш се тестираше на Covid-19 и наодот беше негативен.

„Имајќи го предвид моето спортско минато, ако и бидам заразен со вирусот, нема да мора да се грижам. Нема да ми биде ништо. Во најлош случај, ќе биде тоа како некои гrипче, како настинче“, изјави Болсонаро. Тој веќе еднаш се тестираше во март и наодот беше негативен.

Бразил со 1,6 милиони заразени и 65.000 починати е втор во светот според погоденоста од коронавирусот, по САД. Но и покрај тоа, Болсонаро главно одбиваше да носи маска во јавноста, дури и откако тоа му го нареди судот. Исто така, бразилскиот претседател рекодвно се ракува и прегрнува со своите приврзаници и често учестува на масовни собири.

Болсонаро се залага за примена на ткн „вертикална изолација“, во којашто само граѓаните од ризичните групи и над 60 години треба да остануваат во своите домови.

Челникот на Светската здравствена организација (СОЗ – WHO), Тедрос Аданом Гебрејесус му посака во вторникот „брзо закрепнување“. „Ноедна земја не е имнуна, ниедна земја не е сигурдна и ниедно лице не може да биде сигурно“, рече Тедрос.

Мајкл Рајан, директорот на службата на СЗО за вонредни ситуацијаа, оцени дека сите „поденднакво се подложни“ на вирусот „без разлика дали е принц или питач“.