Болсонаро во ОН се спротистави на воведувањето ковид-пасоши

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро истапи во вторникот против ограничувањата на слободното движење на луѓето кои не е вакцинирани против коронавирусот, во неговиот говор на оворањеот на надворешно-политичка дискусија на 76-то сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ние ја поддржуваме вакцинацијата, но истовремено нашата валда се противни на санитарните пасоши и на секоја принуда на вакцинирање. До ноември, секој што сака да биде вакциниран во Бразил ќе може да го стори тоа“, вети Болсонаро кој претходно во неколку наврати јавно го изразуваше својот скептицизмот во вакцинирањето против корунавирусот.

Посочи дека од самиот почеток на пандемијата, неговата влада го поддржувала правото на брање превентивни третмани против коронаинфекциите. Истакна и дека тој самиот, откако мината година беше заразен со вирусот, бил третиран со алтернативни лекови со докажана ефикасност.

„Ние не резбвираме зошто многу земји, како и повеќето медиуми, се противат на таквото превентивно третирање и лекување. Историјата и науката ќе ги покажат одговорните“, заклучи Болсонаро.

Кампањата на вакцинација против Covid-19 во Бразил започна на 18-ти јануари и до вторникот тамошното министерство за здравство дистрибуирало повеќе од 267,6 милиони дози од вакцините. Во Бразил дозволени се вакцините на на англо-шведската компанија „АstraZeneca“, на американската фарамцевтска компанија „Pfizer“ и нејзниот германски партнер биотехнолошката лабораторија „BioNTech“, и на компанијата „Janssen“ во сопственост на американската корпорација „Johnson&Johnson“ и на кинеската „Sinovac Biotech“.

Според официјалната статистија, 80,5 милиони од вкупно 211 милиони Бразилци или повеќе од половината од возрасната популација во земјата, се целосно вакцинирани со двете дози или со една доза од вкацините. Околу 142 милиони Бразилиц, речиси 90 отсто од возрасната популација, пак, се делумно вакцинирани против Covid-19 .

Одделни сојузни бразилски држави од крајот на август започнаа со вакцинирање на адолесцентите, додека федералното министерство за здравство повика на строго почитување на националната програма за иминузација и смета дека е соодветно да се вакцинираат само оние малолетници над 12 години и повозрасни кои имаат хронични заболувања.

Првиот случај на зараза со коронавирус во Бразил беше потврден на 26-ти февруари минатата 2020 година. Бразил со над 21,2 милиони случаи е на третото место во светот по САД и Индија според бројот на заразите, додека според смртните исходи е втор по САД со речиси 591.000 починати.