Болт на проба во фудбалски клуб во Австралија

215

Атлетската легенда, Усеин Болт пристигна во Австралија каде ќе биде на проба во фудбалскиот клуб „Централ Коуст Маринерс“ и ако задоволи ќе потпише професионален договор. Јамајчанецот очајно посакува да игра професионален фудбал, но засега не успева да најде клуб кој ќе му ја исполни таа желба.

Многу сум возбуден што дојдов во Австралија и би сакал да му се заблагодарам на сопственикот и менаџментот на „Централ Коуст Маринерс“ што ми ја даде оваа шанса, изјави Болт.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри претходно беше на проба и тренираше со „Борусија“ Дортмунд, но не ги задоволи барањата на тренерот, па во мај годинава дојде во норвешкиот прволигаш „Стромсгодсет“.

Таму фудбалскиот сон на Болт конечно се оствари во јуни годинава, пред само неколку стотина гледачи.
Тој во неговиот прв фудбалски натпревар играше за  „Стромсгодсет“, кој се спротистави на националниот тим до 19 години.
Болт влезе во игра во 71 минута, носејќи го бројо „9,58“ на грб, времето на неговиот светски рекорд на 100 метри. За жал, и покрај неговата голема желба, „Стромсгодсет“ не можеше да избегне пораз од младите надежи на Норвешка кои победија со 1:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.