„Бомба“: Роналдо се враќа на Островот

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека пристигнала богата понуда од Островот за Кристиjано Роналдо и дека Јувентус е подготвен да ја прифати.

Наводно, на адреса на Јувентус пристигнала понуда од 120 милиони од Челзи. Сопственикот Абрамович ќе го искористи пријателството со Жорге Мендеш за да го донесе Португалецот на „Стенфорд Бриџ“.

Јувентус е подготвен да ја прифати понудата со оглед на фактот што Роналдо има 35 години и ова е последна шанса „Старата дама“ да заработи голема сума на неговото заминување. Притоа, ќе може да се ослободи од високата плата, а клубот има финансиски загуби поради пандемијата.

Италијанските медиуми објавија дека „Старата дама“ ќе се обиде да ги намали договорите на играчите за следната сезона, сето тоа заради пандемијата на коронавирус.

Челзи минатата година не беше активен на трансфер пазарот поради суспензија, па ова лето сака да потроши голема сума.

Притоа, има играчи за трампа кои се интересни за Јувентус како Жоржињо, Канте, Емерсон Палмери…

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.