Бомбашки напад врз католичка црква во Индонезија

25

Двајца бомбаши самоубијци за кои се верува дека се припадници на исламистичка милитантна грипа ја нападнаа во неделата на празникот Цветници според Грегоријанскиот календар католичката црква во индонезискиот град Макасар, при што се повредени најмалку 19 луѓе, соопшти полицијата.

Макасар е најголемиот град на индонезискиот остров Сулавези. Индонезискиот претседател Џоко Видодо преку интернет го осуди нападот, го оцени како „терористички акт“ и ги повика граѓаните да останат мирни и порача дека владата ќе се погрижи да го слават Бога „без страв“.

Литургијата штотуку завршувала кога напаѓачите пред црквата детонирале најмалку една експлозивна направа. Загинале единствено напаѓачите. Безбедносни извори за медиумите наведуваат дека напаѓачите биле студент и негова партнерка.

Полицијата верува дека тие се припадници на милитнатнта група Џама Аншарут Даула (JAD), коај е инспирирана од ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава и којашто е осомничена за самоубиствените напади врз цркви и полициска станица во 2018 година во градот Сурабај кога закинаа најмалку 30 луѓе.

Речиси 20 осомничени припадници на JAD беа уапсени во јануари. Се верува дека оваа група е вмешана и во бомбашкиот напад врз црква на Филипини во 2019 годиона во кој загинаа повеќе од 20 лица.

Најсмртоносниот исламистички напад во Индонезија се случи на островот Бали во 2002 година, кога бомбашите убија 202 луѓе, главно странски туристи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.