„Бомби“ од СЈО најдени во 1ТВ?

При вчерашниот претрес на просториите на 1ТВ, чиј неформален сопственик е Боки 13, биле најдени компромитирачки материјали за десетина македонски бизнисмени и фирми, меѓу кои се и Зоран Азманов, Фијат Цаноски, Тинекс, НОЕЛ и други, објавува порталот „Магазин“ повикувајќи се на изврои блиски до Јавното Обвинителство.

Според објавеното, материјалите биле обработени, селектирани и спремни за изнуда и рекет на бизнисмените, а истите се претпоставува дека се копии од незаконито прислушкуваните материјали кои ги поседува само СЈО. За ваквите материјали и за целата истрага за рекет свој придонес дале и професионалци од ОЛАФ (European Anti-Fraud Office), европска агенција за борба против криминал, корупција и перење на пари, кои соработуваат со делегацијата на ЕУ во Скопје. Се води истрага и за двајца пратеници за кои има индиции дека биле дел од оваа групација за медиумско-политички рекет преку злоупотреба на материјалите од СЈО.

Вчера, по препорака на неколку амбасади од земји членки на ЕУ, а по претходна пријава од еден македонски бизнисмен на кој му биле изнудувани големи суми на пари, започна акцијата „Рекет“, при што, како што е познато, е определен 30 дневен притвор за Боки 13 и Зоран Кичеец. Шефицата на организиран криминал соопшти дека мерката е одредена по сите 3 основи. Рускоска потврди дека е одземен телефонот на обвинителката Катица Јанева за дасе утврди дали постоела комуникација со првоосомничениот, но кај неа сеуште немало извршен претрес.

Претходно обвинителката Јанева поднесе писмена оставка од челното место во СЈО, при што наведе дека причините се политички, односно дека не сака таа да биде искористена како изговор за непостигнување на договор околу новиот закон за обвинителство.

Сепак, медиумите шпекулираат дека вистинските причини за нејзината оставка се поврзани со случајот „Рекет“ и апсењето на Боки13, за кого се знае дека имал многу блиски релации со Катица Јанева, како и со нејзиниот син Лазар, кој е директор на маркетинг службата во 1ТВ. Вчера Боки13 бил уапсен на граничниот премин Богородица, а во тоа време во неговиот автомобил бил заедно со уште две лица, на пат кон Грција. Се шпекулира дека кај него и кај Зоки Кичеец се пронајдени и запленети околу 450.000 евра во готово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.