‘Бомбите’ му биле понудени на поранешен директор на УБК

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Митевски, за телевизијата Алфа рече дека незаконски прислушуваните телефонски разговори попознати како „бомби“ со кои сега владејката СДСМ ја уриваше владата на ВМРО-ДПМНЕ, му биле понудени нему но и оти тој не ги прифатил.

Во прилогот на ТВ Алфа се истакнува дека ткн „бомби“ се нуделе „како на пазар“. Пред да завршат кај Зоран Верушевски и во СДСМ, имало и други опции за нивно доставување.

Еден од тие таргети на Ѓорги Лазаревски сум бил и јас. По моето не прифаќање во тој период да ја преземам таа одговорност за непреземање на материјалите од УБК сигурно се сложил Зоран Верушевски и лично тој ги преземал материјалите од Ѓорги Лазаревски а потоа ги пренесувал во политичката партија СДСМ, речеи Митевски,

Додаде дека не верува оти материјалите биле директно носени во СДСМ, туку таму завршиле преку повеќе добавувачи меѓу кои биле Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски.

Сѐ повеќе доаѓа време да се дознае како тие материјали биле снимени и што содржат а тоа го сфаќа и Верушевски затоа што сака да ја тргне својата одговорност односно да не биде соучесник во манипулацијата која што била направена од страна на Зоран Заев и врвот на СДСМ со објавување на дел од тие разговори а не во целост што дава сосема друга слика за суштината, смета Митевски.

Оцени дека овие нови моменти сѐ повеќе од доволни за да се спроведе нова истрага, но и да се побараат одговори и лично од премиерот Зоран Заев дали тој учествувал во модификацијата на прислушуваните разговори.

Освен исказот на Зоран Верушевски дека бомбите биле буквално сечени, лепени и монтирани покажаа и разговорите кои во целост ги објави извесниот Ел Чека, а кои фрлија сосема нова димензија на повеќе случаи меѓу кои и убиството на Мартин Нешковски и Монструм.