Боно и U2 ќе ја продолжат европската турнеја

Фронтменот на ирската музичка група U2, Боно, кој во саботата на средината на концертот во Берлин остана без глас, на задоволство на фановите ќе ја продолжи европската турнеја до крај бидејќи докторот кој го прегледал рекол дека гласните жици ќе се опорават.

Ме прегледа добар лекар и со негова помош мојот глас ќе се опорави и ќе можам да „пеам“ на целата турнеја.Јас сум среќен, а ми олесна зашто лекарот ја отфрли можноста за големи компликации на гласните жици. На концертот во Берлин атмосферата беше исклучителна. Се чинеше дека ова ќе биде еден од оние незаборавни ноќи … но на крај не излезе на тој начин. Со нетрпение очекуваме да се вратиме на 13-ти ноември, изјави Боно на веб-страницата на групата.

На концертот во сабота по само неколку песни групата мораше да го сопре настапот на кој присуствуваа илјадници луѓе.
Медиумите шпекулираа дека губењето глас може да предизвикало уред за создавање чад.